Connect with us

Фудбал

Тен Хаг подготвува револуција на Олд Трафорд: Како би можел да изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона

Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг од следната сезона ќе биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг по неколку одлични сезони на клупата на клубот од Амстердам се прости од Ајакс и реши да направи голем исчекор во својата тренерска кариера.

Манчестер Јунајтед неодамна потврди дека Тен Хејг е новиот тренер на овој клуб и дека официјално ќе ја преземе оваа функција пред почетокот на подготовките за новата сезона.

Извесно е дека Холанѓанецот ќе направи големи промени во играчкиот кадар, а веќе е извесно дека Јунајтед ќе ги напушти Пол Погба, Џеси Лингард, Единсон Кавани, Хуан Мата, Немања Матиќ и Ли Грант, чии договори истекуваат на крајот од сезона.

Исто така, летово на трансфер листата се очекуваат Арон Ван-Бисака, Ерик Баили, Фил Џонс и Ентони Марсијал, а во клубот како позајмен ќе се врати Дони ван де Бик.

Со Јунајтед веќе се поврзуваат неколку играчи, а наводно клубот е многу блиску до трансфер договор на Френки де Јонг од Барселона. Тен Хаг имаше одлична соработка со него во Ајакс и не е ни чудо што сака да го донесе во Театарот на соништата.

Наводно на мета ќе биде и Матијс де Лихт од Јувентус, кој исто така беше дел од таа голема генерација на Ајакс. Де Лихт би бил замена за Хари Мегваер кој игра во очајна форма оваа сезона.

Исто така, на мета на Јунајтед е и одличниот напаѓач Дарвин Нуњез, кој сезонава воодушеви со игрите во Бенфика. Се очекува и Тен Хаг да го задржи Кристијано Роналдо и доколку успее да ги направи сите овие трансфери, тогаш Јунајтед ќе има навистина фантастичен тим во новата сезона.

Можниот состав на Манчестер Јунајтед за новата сезона: Де Геа, Далот, Варан, Де Лигт, Шо, Ван де Бик, Де Јонг, Бруно Фернандеш, Санчо, Роналдо, Нуњез.