Connect with us

Тајмаут

Тениската ѕвезда во друштво со „Ледениот човек“, без облека на минусни температури

Каролин Возниацки стави крај на кариера, но не и на предизвиците. Иако професионалниот спорт е секако тежок, поранешата број 1 тенисерка барем е подготвена за нови авантури. Овој пат, сепак, тргна во друга авантура – во полските планини, на температури на замрзнување, скоро без облека и во друштво на Вим Хоф.

Вим Хоф е Холанѓанец со прекар „Леден човек“ кој има можност да издржи на ниските температури благодарение на менталната сила и техниките на дишење. Носител на 20 светски рекорди. Работи со научници од целиот свет за да ги промовираат своите способности. Во 2007 година, Хоф достигна висина од 6700 метри на Монт Еверест, носејќи само шорцеви и чевли, но не го достигна врвот, поради проблеми со стапалата. Во 2008 година стоеше во ледена вода 1 час, 13 минути и 48 секунди.

Сега, тргна на авантура со Каролин Возниацки.