Connect with us

Фудбал

Тер Штеген ќе остане во Барселона до 2025 година

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген најверојатно ќе го продолжи договорот со Барселона.

Според шпанските медиуми, агентот на Тер Штеген е во преговори со Барселона и работите се одвиваат според планот, па затоа треба да се очекува продолжувањето на соработката да биде официјализирано во наредните денови.

Договорот на Тер Штеген истекува во 2022 година и ќе биде продолжен до 2025 година, а финансиските детали не се познати.

Разговорите меѓу Тер Штеген и Барселона започнаа пред неколку месеци, но пандемијата на коронавирусите имаше големо влијание врз нивниот тек. И покрај ова, Германецот секогаш изразувал желба да остане во Барселона.

Да потсетиме, Тер Штеген го оперираше коленото и треба да се врати на теренот кон средината на ноември.