Connect with us

Фудбал

Тешка сообраќајна несреќа на легендарниот бразилски фудбалер (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер и поранешен селектор Карлос Дунга (60) доживеа страшна сообраќајна несреќа, по што итно е хоспитализиран. Возилото на 60-годишникот се превртело додека се движел по автопатот од Сао Паоло кон Кампина Гранде до Сул во саботата попладне, а во моментот на несреќата на совозачкото седиште била неговата сопруга Еванир Вери.

Двојката, која се враќала дома по посетата на семејството, била итно пренесена во болница, но за чудо и двајцата претрпеле само полесни повреди и биле пуштени еден ден подоцна.

Синот на Дунга, Бруно, им се заблагодарил на лекарите и граѓаните за помошта, додека од полицијата велат дека поранешниот играч од средниот ред не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.

Дунга има легендарен статус во Бразил бидејќи беше капитен на својата земја на Светското првенство во 1994 година кога Бразилците станаа светски шампиони. Покрај тоа, двапати беше селектор на репрезентацијата. Прво од 2006 до 2010 година пред да се врати уште две години во 2014 година.