Фудбал
Тешко некој ќе може да го стигне, Аријан Адеми рекордер на Динамо Загреб, но и во Хрватска
Македонскиот репрезентативец Арјан Адеми стана најтрофејниот фудбалер во Хрватска. Неговиот Динамо Загреб синоќа ја освои шампионската титула, а за Адеми ова беше 10-та круна со истиот тим. Со ова стана најтрофеен, не само на Динамо Загреб, туку и во цела хрватска. Адеми иако имаше понуди да замине, сепак се одлучи да остане во Динамо Загреб. Тоа му ја донесе и капитенската лента, а стана и фудбалер со најмногу настапи во Европските купови во дресот на хрватскиот тим.