Connect with us

Фудбал

Тешко за гледање, а камоли за доживување: Страшна повреда ја шокираше Англија

Во првото коло од Премиер лигата, Челзи победи со 1:0 на гостувањето кај Евертон, а единствениот гол го постигна Жоргињо од пенал.

Натпреварот остана во сенка на тешката повреда на фудбалерот на Евертон, Бен Годфри, која се случи во 10. минута. Еден од дефанзивците лошо му ја додаде топката на Џордан Пикфорд, кој сакаше да ја спаси од корнер, но на крајот топката дојде до Каи Хаверц. Во последен момент интервенирал Годфри кој бил тешко повреден.

Неговиот зглоб се закачи на теренот, а потоа неприродно се изврте, поради што играта беше прекината на одреден временски период. На играчот му била укажана помош, а потоа на носилки бил изнесен од теренот и однесен во болница.

Евертон веднаш ја извести јавноста дека има скршеница на фибула, која ќе го оддалечи Годфеј од терените подолг период.

Годфри подоцна се огласи на социјалните мрежи и рече дека сето тоа е дел од играта и им се заблагодари на сите за поддршката што ја добил. Тренерот на „Карамелите“ Френк Лампард верува дека Годфри ќе отсуствува два до три месеци.

Покрај Годфри се повреди и стоперот Јери Мина, па Лампард се мачи и тоа може да го натера на нови набавки.

Во второто коло Евертон ќе и гостува на Астон Вила, додека Челзи во лондонското дерби ќе му гостува на Тотенхем.