Connect with us

Фудбал

Тевез го објави датумот за крајот на својата кариера

Карлос Тевез одлучи да ја заврши кариерата по истекот на договорот со аргентинскиот гигант.

Поранешниот фудбалер на европските гиганти Манчестер Јунајтед, Јувентус и Манчестер Сити објавија дека неговата кариера ќе заврши во 2019 година, по истекот на договорот со Бока.

„Кога и да сум заминувал, секогаш ми недостигаше ова место. Овој пат нема заминување, но пензионирање. Во овој дрес ќе ја завршам кариерата, откако ќе ми истече договор со Бока на крајот на следната година“, изјави Тевез.

Искусен напаѓач во јануари по трет пат се врати во саканата Бока, а покрај Бока Тевез има настапувано и за Јунајтед, Сити и Јувентус во текот на неговата кариера Тевез играл за кинескиот Шангај Шенхуа, Вест Хем и бразилскиот Коринтијанс.

Договорот на Тевез со Бока истекува на 31 декември 2019 година.