Connect with us

Фудбал

Тежок пораз на Барди и Трабзон, Јунајтед со пресврт до победа на Кипар (ВИДЕО)

Трабзонспор доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Монако во Лига Европа со 3:1. Турскиот тим речиси цел меч играше со играч помалку откако Гомез заработи црвен картон во 11-та минута. Веднаш потоа фудбалерот на домашниот тим Бен Једер стапи на сцена. Прво во 14-та погоди за 1:0, а потоа во финишот на првиот дел за 2:0. Дисаси во 55-та зголеми на 3:0, а почесниот погодок за Трабзон беше дело на Бакасеташ во 72 минута. Македонскиот репрезентативец Енис Барди во игра влезе во 82-та минута.

Ференцварош и Монако имаат по 6 бодови, Трабзон и Црвена Звезда по три. Во оваа група во Белград, српскиот тим славеше со 4:1 против Ференцварош.

 

Манчестер Јунајтед, славеше со 3:2 на гостувањето кај Омонија на Кипар во интересен меч. Црвените ѓаволи губеа со 1:0 по голот на Ансарифад во 34-та минута. Сепак, во вториот дел пресврт. Рашфорд во 53-та и Марсиал десет минути подоцна погодија за 2:1. Во 84-та минута Рашфорд со својот втор гол на мечот најави победа на Јунајтед погодувајќи за 3:1, а во 83-та Панајоту ги постави конечнте 2:3.

Во оваа група Реал Сосиедад славеше со 2:0 против Шериф, за максимални 9 бодови од три меча и лидерска позиција. Втор е Јунајтед со 6, трет Шериф, а Омонија последна со три порази.