Connect with us

Фудбал

Тиаго доби оценка 10: Еден од најдобрите натпревари на Ливерпул

Еден од најдобрите играчи на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед (4:0) беше Тиаго Алкантара.

Ливерпул убедливо го совлада најголемиот ривал на „Енфилд“ со 4:0. Шпанскиот репрезентативец не постигна гол, ниту беше асистент, но ја водеше играта на тимот на Клоп. Репортерот на локалниот весник „Liverpool Echo“ го прогласи за играч на натпреварот и му даде чиста – десетка!

„Не можам да ја судам мојата игра. Можам само да кажам дека ова е едно од најдобрите натпревари на Ливерпул“, изјави Тиаго Алкантара и особено го пофали напаѓачкиот дел од тимот.

„Кога имате такви напаѓачи пред вас и гледате дека не само што постигнуваат голови, туку и се враќаат да помогнат во одбраната, тогаш овој тим го прави уште подобар и поефикасен. А головите? Не знаеш од каде доаѓаат сите. Задоволство е да имаш такви соиграчи во тимот“.

По победата над Јунајтед, Ливерпул со меч повеќе го зазеде првото место на табелата со два бода повеќе од Граѓаните. Во следното коло „црвените“ ќе се сретнат со градскиот ривал Евертон на 24 април.