Connect with us

Фудбал

Тие играат за Франција, а нивните родители се од Африка-Аргентинецот се извини за срамните скандирања против Французите (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, Енцо Фернандез се извини за расните навреди кон Французите за време на прославата по освојувањето на Копа Америка. Аргентина во неделата го доби финалето на Копа Америка против Колумбија со 1-0 за да ја одбрани титулата, а за време на прославата Енцо Фернандез се сними себеси и неговите соиграчи како пеат многу навредлива песна за Французите, алудирајќи на африканското потекло на многу членови на Триколорите.

„Тие играат за Франција, но нивните родители се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, а татко им е од Нигерија. Во нивниот пасош пишува Франција“, пееја аргентинските фудбалери.

Француската фудбалска федерација веднаш ги пријави Аргентинците во ФИФА, кои сега се соочуваат со голема парична казна. Соиграчите на Фернандез од Челзи, Аксел Дисаси, Мало Густо и Весли Фофана веднаш го следеа Аргентинецот на Инстаграм, а Фофана напиша: „Фудбалот во 2024 година: незапирлив расизам“.