Други спортови
Тие се лажговци, Дејвис купот повеќе не посоти
Селекторот на Дејвис Куп репрезентацијата на Франција, Јаник Ноа изјави дека е разочаран од новите промени во Дејвис Купот, кои ги направи Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
Франција, во последното финале по стариот формат изминатиот викенд беше поразена од Хрватска, а легендарниот Ноа смета дека претстојните промени нема да донесат ништо добро во тенисот.
-Знаеме дека нема да биде исто. Сите тоа го знаат, а не ја кажуваат вистината. Никогаш повеќе нема да ја имаме препознатливата атмосфера, тоа ќе биде нешто различно. Се надевам дека новото натпреварување нема да се вика Дејвис Куп, бидејќи тоа навистина нема да биде Дејвис Куп. Играњето на два добиени сета не е Дејвис Куп. Кога ќе кажат дека тоа е Дејвис Куп, тие едноставно лажат. Ако имам право на глас, отворено ќе им кажам дека се големи лажговци смета Ноа.
Првото издание на новиот Дејвис Куп, кој ќе има турнирски фирмат ќе се одржи од 18 до 24 ноември наредната година во Мадрид.