Connect with us

Фудбал

Тиквеш го освои Купот на Македонија, ќе игра во Европа

Фудбалскиот клуб Тиквеш е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска во интересен натпревар, славеше победа со 2:1 над Воска Спорт во 31 финале од најмасовното натпреварување.

Екипата предводена од Ѓорѓи Мојсов беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се радуваше на првиот освоен трофеј, со кој ја заокружи одличната сезона.

Со овој триумф, тимот од Кавадарци обезбеди учество во квалификациите на Лигата на Конференеции.