Connect with us

Други спортови

Тимовите на Формула 1 се обединија, ќе произведуваат респиратори

Седум тимови на Формула 1 со седиште во Велика Британија покрена проект наречен „Бокс“ со кој ќе и одговорат на повикот на владата и ќе се вклучат во производство на медицинска опрема, првенствено респиратори, потребни за борбата против Ковид-19.

Во проектот се приклучени Мерцедес, Ред Бул, Мекларен, Рено, Рејсинг Поинт, Хаас и Вилијамс, нивните технолошки оддели, како и раководството на Формула 1.

Во соопштението се наведува дека сите седум тимови подготвено ќе делува во сите останати подрачја која бараат брз, иновативен и технолошки одговор за борба против единствениот во моментов предизвик, а тоа е Ковид-19.