Connect with us

Фудбал

Тоа би било врв: Марсело и Дани Алвеш заедно? Легендата сака да ги види во својот клуб

Марсело го напушти Реал Мадрид, Дани Алвеш Барселона, но искусните дефанзивци би можеле да ја продолжат кариерата во истиот тим.

Марсело долги години е еден од најдобрите леви бекови во светот, но на 34-годишниот Бразилец му истече договорот со Реал Мадрид и неодамна се збогуваше на „Сантијаго Бернабеу“, додека Дани Алвеш ја заврши авантурата со Барселона.

Со години беше многу важен и кај Каталонците, но потоа беше неколку години отсутен од клубот, се врати со доаѓањето на Чави да помогне и беше навистина одличен минатата сезона и покрај тоа што минатиот месец наполни 39 години.

Но, искусните дефанзивци мораа да ги напуштат своите клубови, но сега има „луда“ идеја. Нивниот сонародник и легендарен напаѓач Роналдо е сопственик на шпански Ваљадолид и има план да ги ангажира и двајцата во својот клуб.

Според uol.com.br, и двајцата Бразилци наскоро можат да играат за ист клуб. Роналдо призна дека би сакал да ги види и двајцата во својот тим, но за тоа да биде возможно ќе треба да се согласат на многу помалку финансиски услови од оние што ги имаа во Реал, или Барселона.

Реал Валјадолид избори пласман во Ла Лига во последното коло од втората лига во Шпанија. Ќе биде навистина интересно доколку Марсело и Алвеш играат во ист тим, а особено интересни ќе бидат дуелите на Ваљадолид со клубови како Реал или Барселона.

Не заборавајте дека легендарниот Роналдо како играч ги носеше дресовите на двете екипи…