Фудбал
Тоа е тоа, Мурињо ја отпиша англиската фудбалска ѕвезда
Тотенхем вечерва му гостува на Барнли, а според англиските медиуми, Деле Али ќе го нема во тимот. Фудбалерот не е повреден, а со оглед на тоа дека досега одигра само еден меч во Премиер лигата, медиумите велат дека Мурињо ја забул довербата.
Потсетување, Деле Али мечот во Лига Европа против ЛАСК го почна на клупата за резервни фудбалери, а потоа во игра влезе во 62-та минута на местото на Ерик Ламела.
Деле Али во Тотенхем е од 2015-та година, а неговата епизода во овој тим веројатно ќе заврши во јануари. Деле Али има 24 години и важеше за англиска фудбалска надеж.