Connect with us

Фудбал

Тоа што го направи Атлетико синоќа не се памети во Лигата на шампионите

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Манчестер Сити го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 со голот на Кевин Де Брујне.

„Јорганџиите“ играа исклучително одбранбен фудбал. За очекување беше избраниците на Диего Симеоне да играат дефанзивно, но она што се гледаше во поголемиот дел од натпреварот беше повеќе од строга одбрана бидејќи гостите многу често стоеја во два блока од по пет играчи.

На крајот од натпреварот статистиката покажа податоци кои секако ќе предизвикаат негативни коментари кај сите љубители на фудбалот, особено кај оние кои сакаат жестока и допадлива игра.

Имено, за прв пат во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите, се случи тимот да не постигне гол на еден натпревар! Покрај статистиката на Атлетико се внесуваат само нули.

Со оглед на се што е видено, може да се каже дека фудбалот победи синоќа на „Етихад“ и дека „Граѓаните“ со заслужена предност го очекуваат реваншот за осум дена во Мадрид.

Одбраната во реваншот нема да му помогне на Симеоне бидејќи Атлетико мора да тргне на голот, па интересно ќе биде каква тактика ќе подготви за мечот во Мадрид.