Connect with us

Фудбал

Точно 20 години од повредата која ја смени историјата на фудбалот

Експлозивност, чувство за гол, дриблинг и мајсторство, тоа го имаше „вистинскиот Роналдо“. Ваков фудбалер не се гледаше често и нема дилеми дека ќе ја носеше титулата најдобар на сите времиња доколку немаше огромни проблеми со повредите.

Неговиот трансфер од Барселона во Интер во 1997-ма година за 27 милиони долари беше рекорд во светот. Веќе во првата сезона со 25 постигнати голови во Серие А беше најдобар во тимот и ги однесе „Нероаѕурите“ до трофеј во Купот на УЕФА.

Интер во сезоната 1999/2000 влезе со неверојатен напад, покрај Роналдо, тука беа Виери и Роберто Баџо.

Сите очекуваа титула. Меѓута на 21 ноември 1999-година стигна првата повреда. Страдаше левото колено. Му беа скинати лигаментите и од тој момент тргна хаосот во неговиот живот.

Операцијата беше извршена итно, а лекарите кои се грижеа за него дозволија прерано Роналдо да се врати на терен. На 12-ти април 2000-та година на мечот против Лацио, Роналдо влезе во игра од клупата, а по само шест минути на теренот нова тешка повреда. Изразот на неговото лице доволно кажуваше. Следуваше пауза од една ипол година.

По две операции и долго опоравување Роналдо се врати и го освои СП со Бразил. Следуваше потоа трансфер во Реал Мадрид, коленото изгледаше добро и играше на одлично ниво. Играше потоа и во Милан, а кариерата ја заврши во 2011-та година во дресот на Коринтијанс. Сепак, останува впечатокот да не беше таа повреда на 12-ти април 2000-та година, сигурно дека Роналдо ќе имаше далеку повеќе признание на своите полици.