Connect with us

Фудбал

„Тој е најдобриот изведувач на слободни удари во светот!

Пеп Гвардиола му се поклони на противник од Премиер лигата.

Пеп Гвардиола пред натпреварот Саутемптон – Манчестер Сити кој се играше во рамките на 23. коло во Премиер лигата го пофали Џејмс Вард-Проуз.

Менаџерот на Сити е импресиониран од капитенот на Саутемптон и го смета за најдобар изведувач на слободни удари во светот.

„Тој моментално е најдобриот изведувач на слободни удари во светот. Ниту еден играч не е подобар од Вард-Проус. Можеби ни недостасуваат тие квалитети. Тој е момче кое брзо се прилагодува, тимски играч, има одлични квалитети со и без топката во неговите стапала“, изјави Гвардиола на прес-конференција.

Англискиот репрезентативец минатиот викенд стана вториот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал најмногу голови од слободни удари. Ги има 12, исто како и легендите Тиери Анри и Џанфранко Зола. Повеќе има само Дејвид Бекам (18).

Сезонава постигна шест гола со две асистенции на 19 натпревари, а за Саутемптон дебитираше во 2012 година. Оттогаш, тој одигра 344 натпревари за „светците“ и постигна 39 гола и 45 асистенции во Премиершип.

Според Transfermarkt, неговата пазарна вредност се проценува на 32 милиони евра.