Connect with us

Фудбал

Тој е се понесреќен во Манчестер Јунајтед, но на лето ќе го реши тоа на еден едноставен начин

Маркус Рашфорд своевремено важеше за еден од најталентираните играчи во Англија, а како тинејџер дебитираше за Манчестер Јунајтед.

Рашфорд порасна во дресот на „црвените ѓаволи“, а за првиот тим дебитираше во 2016 година и уште тогаш покажа дека е голем талент.

Оттогаш е член на првиот тим на Јунајтед, но нема да блесне на нивото на кое многумина очекуваат. Рашфорд веќе неколку години е стандарден репрезентативец на Англија, но оваа сезона не оди баш како што очекуваше.

Рашфрод во последно време се повеќе ги започнува натпреварите од клупата, поради што е многу незадоволен бидејќи смета дека заслужува да биде во стартниот состав.

Поради тоа, во англиските медиуми се погласни се шпекулациите дека Рашфорд би можел да го напушти Јунајтед на крајот на оваа сезона, иако има договор до летото 2023 година.

Рашфорд не сака да ја загрева клупата на Јунајтед, па е решен да го напушти клубот за да има подобра минутажа. Наводно неговата ситуација будно ја следат Арсенал и Њукасл и се подготвени да го доведат на крајот од сезоната.

Њукасл исто така покажа интерес за Рашфорд во јануари, но тој го одби клубот. Доколку навистина реши да замине, се очекува Јунајтед од неговата продажба да инкасира околу 80 милиони евра.