Connect with us

Фудбал

Томас во судиското дополнение му донесе победа на Атлетико

Екипата на Атлетико Мадрид е далеку од посакуваната форма, што „јорганџиите“ го потврдија и на денешниот меч од 11. коло во Примера, против Дерпортиво во Ла Коруња, кој го добија минимално со 1:0.

Избраниците на Диего Симеоне се мачеа да го скршат отпорот на домаќините, а тоа конечно му успеа на Томас, кој во првата минута од судиското дополнение (90+1), го постигна единствениот гол.

На тој начин Атлетико ја прекина низата од три средби без победа, па сега со вкупно 23 бодови се проби на третото место на табелата пред Реал кој има три помалку, а зад Барселона и Валенсија кои имаат 28 односно 27 бодови.

Каталонците вечерва на „Камп Ноу“ ќе го одиграат мечот од оваа рунда против петто пласираната Севиља.