Фудбал
Тони Крос ги носи истите копачки веќе седум години, кои никој освен него не смее да ги допира
Германскиот репрезентативец Тони Крос е крајно внимателен кога станува збор за неговите копачки, и тој е еден од ретките играчи што ги чисти самиот по тренинзите или натпреварите.
Крос има спонзорски договор со „Адидас“ повеќе од една деценија, а копачките од германската компанија ги носи уште од кога играше за Баерн. Сепак, еден пар од овие копачки е особено во центарот на вниманието.
Имено, Крос редовно добива нови копачки од „Адидас“ на секои неколку месеци, но има еден пар за кој е особено приврзан. Тоасе белите копачки на Адидас, „Adipure’s“ кои Крос ги доби во 2013 година.
Тој веќе седум години игра на секој натпревар во исти копачки, и е толку приврзан за нив што по натпреварот самиот ги чисти. За тоа неодамна зборуваше и Герет Бејл и не го криеше изненадувањето кога го виде Крос како ги мие копачките.
„Мислам дека тој не му верува доволно на нашиот економ кога станува збор за чистењето на копачките. Тој секогаш ги чисти до совршенство и не можам да верувам колку е приврзан за тој пар копачки“, рече Бејл.