Connect with us

Фудбал

Тони Крос го исмејуваше Чави на прес-конференција!

Барселона и Реал Мадрид денеска го играат полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.

Натпреварот се игра на неутрален терен, во Саудиска Арабија, а победникот ќе се пласира во финалето и ќе има можност да се бори за трофејот.

Ден пред натпреварот се одржаа прес-конференции според протоколот, а пред пресот во Реал се појавија Карло Анчелоти и искусниот играч за врска Тони Крос.

Крос зборуваше донекаде со презир за лутиот ривал и во еден момент, свесно или не, го нарече Чави „Јави“.

„Не можам да кажам што точно промени Јава во Барселона, бидејќи не ги гледам нивните натпревари. Имам подобри работи да направам“, изјави Тони Крос на прес-конференцијата пред натпреварот.

Има голема разлика во формата меѓу овие два тима. Реал Мадрид доминира во Примера, со 49 бодови по 21 коло, додека Барселона под Чави се обидува да го заземе 4. место, последно кое автоматски води во групната фаза од Лигата на шампионите, а сега е само шестото место, со 32 бода по 20 натпревари.

Тоа го става Реал во позиција на фаворит пред овој натпревар, но претпоставуваме дека на сите им е јасно дека тоа се натпревари каде се е можно и понекогаш подобрата форма или поквалитетниот актуелен кадар не се доволни за победа.