Connect with us

Фудбал

Тони Крос објави: Доста е, одам во пензија…

Легендарниот германски репрезентативец Тони Крос го шокираше спортскиот свет и објави дека става крај на кариерата! 34-годишниот Германец долго размислуваше дали да ја продолжи кариерата откако на 1 јули годинава му истекува договорот со Реал Мадрид, а на крајот реши да се повлече од фудбалот. Својата конечна одлука Крос ја објави на Инстаграм, во која им се заблагодари на сите во Реал за десет прекрасни години поминати во Мадрид.

View this post on Instagram

A post shared by Toni Kroos (@toni.kr8s)

“Одлуката e да ја завршам кариерата по EP. Секогаш велев дека Реал ќе биде мојот последен клуб во кариерата. Среќен сум и горд што ја донесов оваа одлука. Отсекогаш сакав да ја завршам кариерата на високо ниво. Сега одиме на 15-та титула на ЕП“, изјави Крос.

Пред Реал, Крос играше и за Баерн и за Баер, а со клубовите освои 31 трофеј. Вкупно, тој постигна 73 гола и 165 асистенции на 751 натпревар за клубот и освои се што требаше да се освои – од шампионската титула, Купот и Суперкупот на Германија, титулата во шпанскиот шампионат, Купот и Суперкупот, па сè до Лигата на шампионите, од кои има дури пет, Суперкуповите на УЕФА и Светските клупски првенства.