Connect with us

Тајмаут

Топ 5 најдобри „бесплатни“ трансфери на сите времиња

Во време кога цените се ненормално високи на играчите, навистина е реткост клубовите да донесат играчи со „Босмановото“ правило според кое фудбалерот може да се пресели во друг клуб без никаков надоместок откако неговиот договор ќе истече. Некогаш ситуацијата беше поинаква, и многу големи играчи ги напуштаа клубовите без надоместок, бидејќи тие беа  прогласи небитни или играчи не сакаа да го продолжи договорот.

1. Стив Мекманаман (Ливерпул – Реал Мадрид, 1999)

Детето на Ливерпул и во тоа време најдобриот играч во овој клуб одлучи да не ја продолжи соработката и да го напушти клубот на крајот од договорот. Потоа почна борбата за неговиот потпис, и тој се одлучи за Реал Мадрид. Напаѓачот на Реал, Раул призна дека тој бил против доаѓањето на Мекманаман, бидејќи бил скептичен за неговиот квалитет. Мекманман го докажа спротивното и беше клучен играч на Реала во поход кон троите титули во Шпанија и две во Лигата на шампионите во период од четири години.

2. Сол Кемпбел (Тотенхем – Арсенал, 2001)

Најоразената личност меѓу навивачите на Тотенхем и денес е Сол Кемпбел. Тој важеше за еден од најдобар дефанзивни играчи во лигата, кога одлучи да се пресели кај најголемиот ривал на Тотенхем, Арсенал. Со Арсенал освои три ФА-купови, две титули во Премиер лигата, а играше и во финалето од Лигата на шампионите, каде што беше стрелец.

3. Естебан Камбијасо (Реал Мадрид – Интер, 2004)

По Макелеле, најголемата грешка на Реал Мадрид, кога станува збор за одбранбен играч од средниот ред. Камбиасо во Интер израсна во најдобар дефанзивен играч од средниот ред во светот, а во одличната генерација на Интер освои пет титули во Серија А и една во Лигата на шампионите.

4. Андреа Пирло (Милан – Јувентус, 2011)

Играч кој е отпишан од Милан поради годините и поради мислењата на управата дека неговото најдобар време заврши. Пристигна во Јувентус, каде што доживеа уште една младост. Тој беше најдобар плејмејкер во светот, доминираше со Јувентус во Италија, а во Европа играше два пати во финалето на Лигата на шампионите.

5 Пол Погба (Манчестер Јунајтед – Јувентус, 2012)

Замина без надоместок во Јувентус, но по неколку години тој се врати во клубот за бројка од над 100 милиони евра. Со Пирло го сочинуваа најдоброто централно дуо во светот и беше најдобар играч на Јувентус. По враќањето во Јунајтед падна во формата и пости повторно опција за заминување од Јунајтед.