Поврзи се со нас

Фудбал

„Топџиите“ во шок: Аубамејанг го пропушта натпреварот против Манчестер Сити?!

Пјер-Емерик Аубамејанг ќе ги пропушти натпреварите за репрезентацијата на Габон, а причината е повреда на скочниот зглоб.

Се претпоставува дека тој ќе го пропушти натпреварот на Арсенал против Манчестер Сити, што би било голем удар за „топџиите“.

Тој доби груб удар до зглобот на мечот против Шефилд Јунајтед, но го одигра мечот до крај.

Тренерот на Габон, Патрис Невеу, зборуваше за повредата на Аубамејанг.

„Тој има проблеми со зглобот, а сето тоа се случи на натпреварот против Шефилд Јунајтед. Лекарот од Арсенал ми ги испрати неговите резултати и скоро сигурно нема да се опорави ниту за нивниот натпревар со Манчестер Сити“, рече Невеу.

Advertisement

Facebook

Реклама