Connect with us

Фудбал

Торес се враќа во Премиер Лигата

Фернандо Торес се помалку и помалку добива минутажа во дресот на Атлетико Мадрид оваа сезона, и се очекува да ги напушти Јорганџиите во јануари.

Според “Mirror”, познатиот голгетер од Шпанија би можел да се врати во Премиер лигата, иако има профитабилни понуди од Кина.

Имено, за услугите на поранешните ѕвезди на Ливерпул и Челзи заинтересирани се Њукасл Јунајтед и Саутемптон. Рафа Бенитез сака да го продаде Србинот Александар Митровиќ, а Торес e соодветно решение за да го пополни местото. Исто така, Саутемптон има проблеми во нападот, а познатиот “Ел Нињо” ќе биде во одличен тандем со Душан Тадиќ и Маноло.

Торес ќе игра во Премиер Лигата како позајмен играч, а потоа ќе се врати во Атлетико за да ја заврши својата кариера.