Connect with us

Фудбал

Тосун: Го сакам Баерн во осминафиналето

Напаѓачот на Бешикташ, Ченк Тосун изрази желба неговиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите да се сретне со баерн Минхен.

Турскиот шампион заврши на првото место во Г-групата со 14 бода.

Мораме да продолжиме во истиот ритам. Дуел со Баерн во следната фаза би бил уникатен, им рече Тосун на германските новинари по мечот со Лајпциг.

Бешикташ во осминафиналето ќе добие ривал од следниве екипи: Баерн, Базел, Челзи, Јувентус, Севиља, Шахтјор и Реал.