Connect with us

Фудбал

Тотенхем е првиот тим во историјата на Премиер лигата кој во сезоната не потроши ниту фунта за засилувања

Јануарскиот преоден рок заврши во четвртокот, а Тотенхем одлучи да не потроши ниту фунта за нови играчи.

Тотенхем пред почетокот на новата сезона ги изненади навивачите со одлуката да не носи нови играчи, а и така беше на лето. Меѓутоа, многумина очекуваа дека лондонскиот клуб во јануари ќе биде активен на трансфер пазарот пораде големите проблеми со повредените играчи.

Надвор од теренот најмалку уште месец денови ќе бидат Хари Кејн и Деле Али, па навивачите беа сигурни дека клубот ќе најде некоја алтернатива. Исто така, Тотенхем минатиот месец ги продаде Муса Дембеле и Жорж-Кевин Н’Куду, но не донесоа ниту едно засилување.

Така Тотенхем стана првиот клуб во историјата на Премиер лигата кој во една сезона не потроши ниту фунта на засилувања. Клубот заштеди парични средства затоа што кажаа дека засилување не им е потребно, традицијата продолжува и оваа зима, а тоа ги разочара навивачите на овој клуб.

Клубот во претходните шест години потроши 500 милиони фунти на засилувања и очигледно дека одлучија малку „да ја спуштат топката“. Тоа не му се допадна ни на тренерот Маурицио Почетино кој е под голем притисок затоа што навивачите сакаат трофеј, а без вистинско засилување тоа е невозможно.