Connect with us

Фудбал

Тотенхем го „преслуша“ Арсенал, сега ЛШ не е толку далеку, но и друг се прашува за ова (ВИДЕО)

Тотенхем на домашен терен го совлада Арсенал со убедливи 3:0 и сега четвртото место и пласманот во ЛШ не е недостижно. Сепак, во последните две кола за Тотенхем да се пласира во најелитното клупско натпреварување ќе мора да забележат две победи, а Арсенал да да не победи барем на една.

Во моментов „Топџиите“ го држат четвртото место со 66 бодови или еден повеќе од Тотенхем. На вечерашниот меч Кејн постигна два, а Сон еден гол.

Во последните две кола Тотенхем игра против Барнли дома и Норич на гости, а Арсенал против Њукасл на гости и Евертон на домашен терен.

Standings provided by SofaScore LiveScore