Connect with us

Фудбал

Тотенхем му застана на патот на Ливерпул, Манчестер сити во пол позиција за титулата (ВИДЕО)

Ливерпул на домашен терен не успеа да го совлада Тотенхем. Одигра 1:1, па сега Манчестер Сити, кој има натпревар помалку, на три кола до крајот на првенството е во пол позиција за титулата.

Сон во 56-та минута му донесе предност на Тотенхем од 0:1, а Диаз во 74-та израмни на 1:1. До крајот Ливерпул беше подобар но не успеа да постигне уште еден гол.

Ливерпул и Сити имаат по 83 бодови, но Сити има натпревар помалку, денешниот против Њукасл. До крајот остануваат уште три кола, Ливерпул игра против Астон Вила, Саутемптон и Вулверхемптон, додека Сити ќе се соочи, освен со Њукасл денеска, со Вулверхемптон, Астон Вила и Вест Хем.