Поврзи се со нас

Фудбал

Тотенхем потврди, Герет Бејл не доаѓа во Скопје

Како што се претпоставуваше, Герет Бејл нема да игра на мечот со Шкендија во Скопје на 24-ти септември во рамките од третото коло од Лига Европа. Неговиот старо-нов клуб Тотенхем вечерва при неговата промоција потврди дека Велшанецот поради повреда нема да биде во состојба да настапи на мечеви до средината на октомври. Тој повредата ја заработил на настапот за Велс во Лигата на нации. Се работи за проблеми со коленото.

Инаку, Бејл е вечерва промовиран, а ќе го носи дресот со бројот 9 во Тотенхем.

Advertisement

Facebook

Реклама