Connect with us

Фудбал

Тотенхем преку пресврт ја разби Астон Вила (ВИДЕО)

Тотенхем ја победи Астон Вила во десеттото коло од Премиершип по пресврт, конечниот резултат беше 4:1 за домашниот тим.

Гостите поведоа веќе во првото полувреме преку Морган Роџерс, кој погоди во 32. минута од натпреварот, со што го постави конечниот резултат на првото полувреме.

Само четири минути подоцна беа доволни домашните да израмнат, а мрежата на Емилијано Мартинез ја погоди Бренан Џонсон по асистенција на Сон. Целосен пресврт се чекаше до 75. минута од натпреварот кога Дејан Кулушевски го програ Соланке, а напаѓачот на Спарс ја погоди мрежата на голманот на Вила за 2:1, а истиот играч погоди четири минути подоцна по додавањето на Ричарлисон.

До крајот Медисон погоди од слободен удар во 97. минута од натпреварот за потврда на победата. Тотенхем сега е седми на табелата со 16 бодови од десет одиграни натпревари, додека Астон Вила е на петтата позиција на табелата со два бода повеќе. Во следното коло Спарс на домашен терен ќе ја пречека екипата на Ипсвич, додека Астон Вила на Енфилд ќе гостува кај Ливерпул.

Standings provided by Sofascore