Фудбал
Тотенхем за 18 дена ќе одигра осум натпревари
Тотенхем ќе има многу густ распоред на почетокот на сезоната, со оглед на обврските во квалификациите за Европската сцена.
Лондонскиот клуб прво ќе гостува кај Локомотив Пловдив во Бугарија на 17 септември, а само три дена подоцна оди кај Саутемптон во Премиер лигата.
Два дена по дуелот со „Светците“, следува натпреварот од 3. коло на Лига купот, а на 24 септември дуелот од третото коло на квалификациите за Лига Европа кој ќе се одржи во Романија или Македонија.
На 26 септември Тотенхем ќе му гостуваат на Њукасл, а на 29 септември ќе го играат натпревар од 4. коло во Лига купот.
Очигледно, 1. октомври е резервиран за натпревар во Европа, а лудите 18 дена ќе завршат со гостување кај Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд на 3 октомври.