Connect with us

Фудбал

Тоти не крие на кого би му ја дал својата десетка

Легендарниот и пензиониран фудбалер на Рома, кој сега е функционер во римскиот клуб, нема ништо против некој да ја наследи неговата десетка.

Повеќе од 20 години Тоти го носеше број 10 во Рома, но римскиот клуб не го извлече од употреба, но никој друг не беше должен да го носи тој број на грб.

Италијанските новинари побараа од Тоти да открие на кого ќе му ја предаде десетката?

“Не сакав да се повлече десетката, затоа што мислам дека илјадници момчиња сонуваат да го облечат дресот на Рома со тој број. Би било неправедно да му ги уништиш соништата”, изјави Тоти, па додаде:

“Не е лесно да се биде лидер на Рома. Десетката на Рома… Тоа е голем товар. Се надевам дека ќе се појави некој нов, некој нов Тоти. Ако Меси дојде во Рома лично на аеродромот би му го дал дресот со број 10”.