Фудбал
Трагедија во Италија, поранешен фудбалер пронајден мртов во хотел!
Андреа Капоне, поранешен фудбалер на Каљари, е пронајден мртов во хотел во Каљари, објави „Газета“. Андреа Капоне е пронајден со повреда на вратот, за која се претпоставува дека е последица на пад. Како што објави „Газета“, Капоне претходно ја поминал вечерта со своите пријатели на забава, а следното утро бил пронајден во бессознание.
Tutto il Cagliari Calcio apprende con sgomento e profonda tristezza la notizia della scomparsa di Andrea Capone, morto a soli 43 anni.
Riposa in pace, Andrea 😔❤️💙
Il cordoglio del Club ➡️ https://t.co/BKsi36VXYe pic.twitter.com/zFkfY2qyYZ
— Cagliari Calcio (@CagliariCalcio) September 29, 2024
Иако брзата помош реагирала брзо, лекарите не успеале да го реанимираат. Истрагата е во тек, а властите ја разгледуваат можноста смртта да е предизвикана од ненадејно заболување, што можело да доведе до фатален пад. Капоне во својата кариера настапуваше за Каљари, Тревизо, Виченца, Гросето и Салернитана, а неговата кариера траеше од 2000 до 2010 година.