Connect with us

Други спортови

Трагичен крај на 400 метри пред финишот: Мартолини е мртов (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Велосипедската трка Трофео Кастелфидардо во Италија имаше трагичен крај.

Спортскиот директор на тимот на Вирис Вигевано, Стефано Мартолини, загина како последица на судар со брз велосипедист. Тој имал 41 година.

На околу 400 метри од целта се случи несреќа која резултираше со смрт на 41-годишниот Стефано Мартолини.

Спортскиот директор на тимот Вирис Вигевано го следеше финишот настрана на патот. Во еден момент еден од велосипедистите, Никола Венкијарути, изгубил контрола над велосипедот и налетал на Мартолини.

Паднал и со главата удрил во тротоарот. За жал, тој починал како последица на повредите и покрај итната медицинска помош.

Тешко повреден е и Никола Венкијарути. 23-годишниот велосипедист од тимот на Work Service Vitalcare Vega удрил со глава во ѕидот што ја опкружува патеката. Тој со хеликоптер бил префрлен во болница.

„Мартолини удрил во земја и според лекарите кои пристигнале на местото на настанот смртта настапила речиси веднаш. Венкијарути е тешко повреден и со амбулантно возило бил пренесен во болницата во Анкона со два скршени пршлени“, пренесува порталот „ceste.cc“.

На интернет се појави видео кое го прикажува моментот на трагичниот судар. Можете да го проверите подолу. Ве предупредуваме дека видеото има вознемирувачка содржина.