Connect with us

Фудбал

Трансфер бомба од Шпанија: Главната улога ја има Луис Суарез!

Луис Суарез ја напушти Барселона во солзи во 2020 година и му се приклучи на ривалот Атлетико Мадрид, кој потоа го доведе до титулата во Шпанија.

Искусниот уругвајски напаѓач (35) се покажа како вистинско засилување за „јорганџиите“, но по оваа сезона нема да ја продолжи соработката со тимот од Мадрид.

И додека многу шпански медиуми го селат во МЛС, но и во турската Суперлига, Суарез е подготвен за неочекуван трансфер во Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luis Suarez (@luissuarez9)

Марка наведува дека 35-годишниот напаѓач е подготвен да прифати огромно намалување на платата за повторно да го облече дресот на каталонскиот гигант и наводно веќе разговарал со тренерот на Барселона, Чави Ернандез.

Барса бара напаѓач кој би го подобрил квалитетот на својот тим. Се зборуваше за доаѓањето на Роберт Левандовски, но и многу други играчи, но засега ниту еден трансфер не е комплетиран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luis Suarez (@luissuarez9)

Враќањето на Суарез секако би било големо изненадување. Уругваецот е подготвен на се само за да се врати на Камп Ноу и останува да видиме дали тоа навистина ќе се случи.

Луис Суарез играше во дресот на Барселона од 2014 до 2020 година. Освои апсолутно се што можеше, а на 283 одиграни натпревари постигна 198 голови.