Connect with us

Фудбал

Трансфер на денот, Марио Геце се враќа во Бундеслигата

Откако вчера беше објавено, денеска со сите детали потврди и Фабрицио Романо. Ајнтрахт попладнево ја активираше откупната клаузула во висина од четири милиони евра, а Марио Геце автоматски ќе замине во Ајнтрахт Франкфурт.

Исто така, Геце го чека договор до 2025 година, што е дополнителен плус со тоа што ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, бидејќи Ајнтрахт ја освои Лига Европа.

Минатата сезона Германецот постигна 12 гола и забележа 11 асистенции на 52 настапи во сите натпреварувања за ПСВ Ајндховен.

Тој сега се враќа во Бундеслигата, каде што се прослави играјќи за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.