Connect with us

Фудбал

Трансферот завршен, Митровиќ стана “полноправен” член на Фулам!

По падот во втор план во Њукасл, Александар Митровиќ отиде на заем во Фулам и почна покажува одлични резултати.

Тој му помогна Фулам да се врати во Премиер Лигата, а на 18 средби за овој клуб постигна одлични 12 гола и една асистенција.

Тренерот Славиша Јокановиќ би можел да биде задоволен од неговите игри, па затоа веќе некое време се шпекулираше дека Фулам ќе го откупе договорот.

Тоа и се случи денес, а британските медиуми известуваат дека Фулам потрошил околу 25 милиони за да ги обезбеди услугите на стариот напаѓач. Митровиќ потпиша петгодишен договор со Фулам, а треба да остане во Фулам до 2023 година.