Connect with us

Кошарка

Тренерот Душан Алимпијевиќ си замина од Црвена звезда

Тренерот на Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ си замина од кошаркарскиот клуб по последниот пораз во српското првенство викендов од Мега Бемакс.

Клубот во преодниот период ќе го води неговиот досегашен помошник Миленко Топиќ.

Црвена звезда оваа сезона беше поразена од Партизан во финалето на Купот на Радивој Кораќ, потоа загуби од Будуќност во финалната серија од АБА лигата, а во српското првенство претрпе два порази од Борац и Мега Бемакс.

По првиот пораз во српскиот шампионат од Борац Чачак, Алимпијевиќ понуди оставка која тогаш беше одбиена од раководството на клубот, но овојпат тоа не беше случај.

За Црвена звезда настапува и македонскиот кошаркар Перо Антиќ.