Connect with us

Фудбал

Тренерот на Кротоне поднесе оставка

Раководството на калчолигашот Кротоне денеска соопшти дека тренерот Давиде Никола поднесе оставка.

Кротоне се наоѓа во долниот дел на табелата во Серија А, а незадоволството кај управата кулминирало по поразот пред два дена од Удинезе со 3:0 по што дошло до вербален конфликт со Никола.

Италијанските медиуми вчеравечер најавија дека Никола во многу скоро време ќе го напушти Кротоне и така се случи.

Под негово водство, Кротоне лани успеа да обезбеди опстанок во Серија А по импресивните резултати во финишот од првенство.