Фудбал
Тренерот на ПСЖ, беше против купување на Икарди, според „Л’Екип“
Францускиот дневен весник „Л’Екип“ откри една многу интересна позадина, според која германскиот тренер Томас Тухел бил против купувањето на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.
Икарди минатото лето се приклучи на ПСЖ на позајмица со право на откуп и по многу добар почеток на сезоната, настапите на аргентинскиот бомбардер беа во постојан пад, толку многу што тој остана на клупата на натпреварите од Лигата на шампионите.
Сепак, францускиот клуб реши да го искористи правото да го купи Икарди за бројка од 50 милиони евра, плус некои други во форма на бонуси, додека францускиот весник открива дека токму Леонардо инсистирал најмногу.
Бразилскиот менаџер го убеди тренерот Тухел, велејќи му дека ова е добар случај на пазарот, со оглед на тоа што под нормални услови аргентинецот би чинел многу повеќе.
Сепак, аргентинскиот напаѓач продолжува да страда од недостаток на голови, додека самиот Тухел призна дека Икарди мора да започне да постигнува погодоци, за да стекне доверба.