Connect with us

Фудбал

Тренерот замина, навивачите ги построија фудбалерите на италијанскиот тим: Почитувајте го нашиот дрес (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина синоќа ја совладаа Аталанта со 3:2 во последниот натпревар од 29.коло во Серија А и ја спуштија завесата на оваа сезона од италијанскиот шампионат.

Сепак, и покрај победата, фудбалерите на клубот од стадионот Артемио Франки не поминаа најдобро по натпреварот, кога требаше да излезат пред своите навивачи.

Навивачите на Фиорентина ги построија фудбалерите пред трибината на која беа сместени, а потоа еден од нив им одржа краток и остар говор, а потоа скандираа: „Почитувајте го нашиот дрес“.

Причината за незадоволството на навивачите на Фиорентина лежи во тоа што минатата недела нивниот тим доживеа пораз во финалето на Конференциската лига од грчки Олимпијакос.

Инаку, головите за Фиорентина синоќа ги постигнаа Андреа Белоти на двапати и Николас Гонзалес. Стрелци за домашната екипа беа Адемола Лукман и Џорго Скалвини.

Што се однесува до сезоната во Серија А, Аталанта заврши на четвртото место и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, додека Фиорентина натпреварувањето го заврши на осмата позиција и ќе игра во квалификациите за конференциската лига.

Во меѓувреме тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано, потврди дека го напушта калчолигашот од Фиренца.

„Сите заедно  ја донесовме оваа конечна одлука“, рече Италијано на прес-конференција.

„Мислам дека е правилно, со оглед на сите дискусии што ги водевме. Стигнавме до одреден момент кога мораме да се разделиме. Уверен сум дека кој и да стигне овде ќе може да го продолжи патувањето. Се надевам дека оставив нешто позитивно“, додаде тој.