Connect with us

Тајмаут

Трепереа пред украинските војници, се плашеа за своите животи и го изговорија магичниот збор „Марадона“

Руската инвазија на Украина трае речиси две недели, а борби се водат во поголемиот дел од оваа земја.

Русија ја нападна Украина, но не очекуваа народот во оваа земја да пружи таков отпор. Украинците ја бранат својата земја и се обидуваат да спасат се што можат бидејќи не сакаат да потпаднат под руска власт.

Војната во Украина трае речиси две недели, што е главна тема на светската јавност. Милиони Украинци ја напуштија земјата за да си ги спасат животите, а војската прави се што може за да ги спаси цивилите.

Од Украина си заминаа и бројни новинарски екипи, а само најхрабрите решија да останат да известуваат за тоа што се случува во оваа земја.

Дека ова е главната вест во светот покажа неверојатната приказна на двајца новинари од Јужна Америка. Тие работат за ТВ Чилевизија и дојдоа во Украина за да бидат на сцената на она што се случува во оваа земја.

Но, неколку дена по влегувањето во воената зона, тие беа запрени од украинската армија и приведени за да се провери за кого се работи.

Новинарот Даниел Матамала призна дека се плаши за себе и за животот на својот колега бидејќи Украинците не простуваат никому ако се сомневаат дека се некои предавници. Но, кога го видоа неговиот аргентински пасош, се се промени.

„Денеска бевме спречени од украинската војска при контрола и решија да не уапсат. Ни ги земаа мобилните телефони, пасошите, камерите и целата опрема и не однесоа во станицата. Беше многу тензично бидејќи не знаат колку шпиони има во Украина и се сомневаат во сите“, рече Матамала и продолжи.

Не зборуваа многу добро англиски и тоа беше проблем. Но, уште еднаш се покажа колку фудбалот е тој што ги руши сите граници и бариери. Еден од полицајците го виде мојот аргентински пасош и рече само „Меси и Марадона“… Потоа се се пормени“.

“Потоа мојот колега Хуан Замудио, кој беше снимател бидејќи слушна дека го спомнал Марадона. Тој покажа дека ја има тетоважата на Марадона на ногата и атмосферата целосно се смени. Благодарение на божјата рака и фудбалот, излеговме без никакви проблеми”.

Матамала реши да ја открие оваа неверојатна приказна на Инстаграм и објасни што се случило со него и неговиот колега во Украина. Иако Марадона почина пред повеќе од една година, ова е доказ за трагата што ја остави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.