Connect with us

Кошарка

Трет триумф во низа за шампионот Голден Стејт

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт ја оствари и третата победа во низа, откако ноќеска на гостувањето кај Денвер забелжа убедлив триумф со 127:108.

Триото, Дурент-Кари-Грин беше нерешива енигма за домашниот тим. Кевин Дурент беше најефикасен во редовите на „Воините“, а средбата ја заврши со учинок од 25 поени и по седум скокови и асистенции.

Стивен Кари оствари дабл-дабл учинок со 22 поени и 11 асистенции, додека Дрејмонд Грин покрај 15 поени имаше осум скокови и седум асистенции.

Во домашниот тим, подобар од останатите беше Вил Бартон кој запиша 21 поен, осум скока и пет асистенции.

Со оваа победа Голден Стејт се проби на првото место во Западната конференција.

Во дербито на вечерта одиграно во Лос Анџелес, тимот на Минасота му го нанесе третиот пораз сезонава на составот на Клиперси совладувајќи го со 113-104.

Во победничката екипа, тројца играчи постигнаа дваесет и повеќе поени. Конели впиша 22, Шпанецот Марк Гасон еден помалку (21), а Еванс застана на точно 20.

На „Клипериси“ не им помогна ниту расположениот Блејк Грифин кој оствари дабл-дабл учинок со 30 поени и 11 скокови.

На останатите натпревари одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати: Детроит – Сакраменто 108:99, Чикаго – Њу Орлеанс 90:96, Минесота – Далас 112:99, Денвер – Голден стејт 108:127.