Connect with us

Тајмаут

Третиот дрес на Манчестер Јунајтед ги воодушеви навивачите

Манчестер Јунајтед знаеше како да ги импресионира навивачите во изминатите години кога станува збор за гостинските дресови.

Во јавноста сосема „случајно“ протекоа фотографии од третите дресови за следната сезона на Црвените Ѓаволи. Имено, австралиската страна на Адидас го пушти во продажба овој дрес, иако се уште не е официјално воведен.

Сината боја е доминантна на оваа маичка, а за прв пат по 16 години, може да се види и златната боја со која е одбележан грбот, а исто така и имињата и бројот на играчи на грб ќе бидат со оваа боја. Мора да признаеме дека Адидас го погоди овој дизајн, барем што се однесува на коментарите на социјалните мрежи.

https://twitter.com/utdxtra/status/993968892132384768