Connect with us

Други спортови

Три дена по „борбата со духови“, почина африкански боксер, позната причина за смртта

Јужноафриканскиот боксер Симисо Бутелези пред неколку дена се најде во центарот на вниманието кога се бореше со „невидлив противник“.

За време на борбата на WBF за титулата во лесна категорија во Африка, минатиот викенд се бореше против Сифешихле Мнтунгве, но во еден момент Бутелези целосно се загуби во рингот, па буквално замавна во празниот простор.

Семејството жали бидејќи сето тоа се случило само две недели по завршувањето на факултетот, а сега доаѓаат многу полоши вести. Имено, Бутелези почина.

Смртта наводно била предизвикана од тешка повреда на мозокот на мечот против сонародникот Сифешихле Мнтунгве.

Боксерот веднаш бил имобилизиран и пренесен во болница каде што било констатирано дека има тешко мозочно крварење, бил ставен во индуцирана кома, но подоцна починал.

Јужноафриканската федерација најави отворање истрага за натпреварот, особено поради тоа што тренерот на боксерот изјави дека неговиот ученик бил во совршено здравје пред да влезе во рингот.

„Лекарите велат дека тој може да има згрутчување на мозокот поради удар во главата, но не видов да добива сериозни удари за време на борбата. Мислам дека имаше нешто злобно. Никогаш досега не сум видел такво нешто“, изјави неговиот тренер веднаш по борбата.