Connect with us

Фудбал

Три клуба заинтересирани за трансфер на Кристијано Роналдо

Според пишувањето на шпанските медиуми три клуба се подготвени за почеток на преговорите за трансфер на Кристијано Роналдо.

Челзи, Пари Сен Жермен и Лос Анџелес Галакси најавиле дека би можеле да влезат во трката за Португалецот доколку Кралскиот клуб се согласи за драстично намалување на откупната клаузула од милијарда евра.

Весникот АС потенцира дека Роналдо побарал нов договор според кој ќе неделно ќе заработува повеќе од 560.000 евра колку што е платата на Лионел Меси во Барселона, но дека бил одбиен од претседателот Флорентино Перез со образложение дека соработката била продолжена пред една година.

Неофицијално првиот човек на Реал би сакал да го продаде Португалецот, а со парите од обештетувањето да го ангажира Нејмар.