Connect with us

Фудбал

Три милиони евра и загарантирано место во стартните 11: Ромањоли не можеше да каже „не“

Според италијанскиот печат, капитенот на Милан, Алесио Ромањоли се враќа во Рим.

Ромањоли е долгогодишен капитен на Милан, но се чини дека на љубовта и дојде крајот. Росонерите во новиот договор му понудија годишна плата од 2,8 милиони евра, што е помала од онаа што моментално ја заработува, но не можеа да гарантираат дека ќе биде стартер.

Ситуацијата ја следеше и Лацио, тим за кој навива веќе подолго време, иако настапуваше за Рома, па му понуди околу три милиони евра, но и ветување дека ќе биде стартер следната сезона.

Ромањоли наводно го прифатил ова и како слободен играч на крајот на сезоната ќе премине во римскиот тим, а во Милан не сакаат да го задржуваат бидејќи и онака дал многу додека со години го носеше црвено-црниот дрес.

27-годишниот стопер оваа сезона одигра 22 натпревари за Милан и постигна еден гол. Во клубот дојде за 25 милиони евра во летото 2015 година, а освен во Рома каде порасна иако е навивач на Лацио, играше и за Сампдорија.

Репрезентативец на Италија е од 2016 година, но забележа само 12 настапи и постигна два гола.