Connect with us

Фудбал

Три натпревари суспензија за Остин

Фудбалерот на Саутемптон, Чарли Остин е казнет со три натпревари од Фудбалската асоцијација во Англија.

Остин е санкциониран поради намерен удар на голманот Јонас Лосл од Хадерсфилд во ремито (1:1) на двата тима во натпреварот од Премиер лигата, одигран во саботата.

Данскиот голман ја фати топката во својот простор кога напаѓачот на Хедрсфилд го удри во лице со ногата. Главниот судија Ли Пробер и неговите помошници не реагираа на ситуацијата, но играчот беше казнет по прегледување на видео снимката.

Остин ќе ги пропушти следните три натпревари против Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.